
Среќно ожењен пациентот Икс го продолжил својот специфичен живот,но се решил на една добра и опасна акција,со која што требаше да му се доведе мозокот од фаза на пасење до фаза на Ап ту дејт брејн,односно да се изврши бекап на изгубените фајлови во датабазата на мозокот.Но ,ова било Топ сикрет пронајдок на Јапонската влада од областа на роботиката со што би се овозможило тестирање на човечки мозок и спроведување на неговите функции во ултрапаметен хуманоиден робот кој би користел и до 90% од функциите на човекот.Прв корак од овој експеримент секако бил создавање на електронски жив мозок(e-brain).Втор корак:поврзување и трансвер на податоци од е-мозокот до виртуелен мозок на еден робот.Пациентот Икс бил втор кандидат за тестирање на едно вакво чудо после глушецот Икс/Ипсилон/наквадрат.Јапонската фирма "I Robot",му нудела 5*10 на -3та милиони јени на среќниот доброволец за да експериментираат со него.
Договорот на Икс со фирмата бил веќе склучен и резултирал со капар на фирмата од 2*10 на -3 милиони јапански јени во готовина.И бидна се што бидна и Икс седна на жешката столица.Бил размонтиран од глава до пети.Му вградиле 16јадрен процесор во левата хемисфера кој по магистрала од 100 Ghz се поврзувал со илјадници нервни завршетоци низ телото и ги запишувал информациите од секој нерв во бинарен облик.Секако му бил вграден и Тврддиск имплант од 6*10 на 45та терабајти,што во превод би значело една епоха податоци кои би ги паметел неговиот мозок.На неговиот хардверско-органски систем бил инсталиран и оперативен систем "Microsoft Beautiful MasterMind Ultimate®-Beta".Иако овој оперативен систем бил доста нов сепак неопходни биле драјвери за :срце,бели дробови,полови органи,џигери,ребра,вешалици,врат,похован кашкавал и слично.Исто така моќна антивирусна алатка го создавала неговиот одбранбен систем.Преку најнови дефиниции за антивирусот тој не морал да прима вакцина за заушки,тетанус,дифтерија,очобол и тн.Но , да не заборавиме тука следат "Human Codec Pack-Beta" ,кодеци за:вид,слух,мирис,окус,додир.Мишн алмост комплит,благодарејќи им на тимот на ДР.f(x)Жутокљунац-Косооки.Следната фаза била подготвена Backup на неговите изгубени моменти од животот.Но, кога процесот стигнал до 34% ,крвниот притисок му се покачил за 40 отсто,и почнал да халуцинира.....
TO BE CONTINUED
CAST:
Пациентот X
Др.f(x)Жутокљунац-Косооки
Помлад Асистент:Др.Оф Мезаболе
Најмлад Асистент:Др.Оу Ичнемеболи
Тропостар Асистент:Др.Ах Штомеснајде
Аутор:Ѓ.Иванов
Читаше:Корен од X
Иницијали:К.X.
Copyright © 2009 XXL Corporation.All rights reserved.
No comments:
Post a Comment