
Продолжение;Прибидејќи оваа прикаска настојува кон шпанска сапуница, советот реши да ја исплакне малку од тој сапунот и да воедно прејде на главното. тачка
Значи стигнавме до тој пациентот таму.Кој е па тој сега пациентот?Да ке го крстиме пациентот Икс и така и самиот не си го знаел името.Тој воспоставил контакт со Др.Ипсилон во четири уши.Од Др.Ипсилон дознал дека имал незгода и мала оштета на мозочните келии(Брејн Демиџ Vol.2) така што при удар со главата го загубил помнењето.
Погледот на Др. Ипсилон обеќавал целосна поддршка и помош од доста аспекти.Пушти го мозокот на пасење и немој да се напрегаш нема да ти биде од корист му рекла Др.Ипсилон на пациентот Икс.
13.06 Среда 21:24 мин.Икс и Ипсилон се на вечера во хотелот Омега.Се разбира не разговараат за спортот на село туку за посериозни теми-Животот на Икс.Нарачуваат Касписки кавијар со детски шампањац бидејки Икс не смеел да конзумира алкохол поради ретката терапија која што ја примал.Но, по грешка конобарот ги послужил со 50-60 год. стар шампањац кој држел вртоглава цена.Така тие завршиле во апартманот на Др.Ипсилон каде се случила хемиска реакција која повеке наликувала на математичка равенка ;Икс+Ипсилон=Зет каде што очигледно добиваме нова непозната Зет.Така Икс и Ипсилон после реакцијата ги обзема сон така што на францускиот лежај формираат агол Бета од 44 степени и некоја минута можеби.Изутрината ги пробуди еден јак сончев сноп од УВ зраци.Отпатуваа на шопинг со возилото на Ипсилон марка Алфа Ромео 159 со пробни регистарски таблички.Воздушниот притисок се поистоветувал со крвниот притисок на пациентот Икс ,а брзината не ветерот била идентична со брзината на возилото управувано од Др.Ипсилон.Веднаш потоа се упатиле на клиника за да Икс направи Рендгенска снимка на сивиот череп низ кој што требало да поминат такоречи Гама зраците.Резултатот бил позитивен,подобрување осетил и самиот Икс.На заминувањето од клинчкиот центар, тој ја почестил Ипсилон со деликатесниот Делта сладолед и ја запрашал за колку го лижеш.Хахахаха се изнасмејале и обајцата и отпатувале во хотелот Омега да го спакираат својот багаж.Икс извадил една шапка марка Капа(Kappa) и ја поставил на главата.Ги собрале парталите и отишле во Сигма АД Скопје осигурителна компанија за Икс да го осигура својот прекрасен живот.Така цел ден им бил исполнет до даска,кога вечерта под ведрото небо ја виделе карпестата планета Епсилон со телескопот што го нашле во хотелот Омега,производ на Наса Спејс центарот вреден неколку милиони евра.Иако Икс имал не баш тотална амнезија тој сепак знаел од која страна изгрева сонцето,знаел дека Пи изнесува 3.14 единици,знаел дека Ипсилон е бремена и дека ќе добијат непозната Зет.
Токму така зетот Икс и невестата Ипсилон стануваат родители на 3.14 кг.тешкиот и 1/2 метар долгиот Зет.Од кумот Омикрон и кумата Ета го добиваат најубавиот поклон ВЦ Шкољка од Тау(Taw) Керамика.А од Тета добиваат блог за скицирање ,и математички плочки ,термос за Ајскафе ,шампон за вошки и регенератор 2 in 1.
TO BE CONTINUED
CAST:
Пациент X
Doctor Y
Young Z
Тета (Θ)
Godfather(O)
Сваќата (Е)
Генерални спонзори:
Kappa,Alfa Romeo,Delta Ice Cream,Hotel Omega
Avtor;Gjorgi Ivanov
No comments:
Post a Comment