Monday, March 09, 2009

X-Files Part 1: И тој нејќеше....


Седеше на столот врткајки се лево десно, пишуваше со некого на фејсбук и на пати се смееше,правеше некои гримаси.Имаше испушено 4 ај да не речам пет цигари.

И така поминаа 1 до 2 добри часа кога нештата се променија,палејќи ја следната цигара му откажа запалката.хм промрморе што е сега ?Чкрапаше уште неколку пати со упаљачот, но попусто.Стана и побара друг имаше еден на полицата , но и тој празен.Отвори веднаш во фиоката во регалот каде што се криеја 20-30 празни упаљачи мислејки дека ке запали со некој.Од толку упаљачи ниту искра не се појави, така што нервата му се покачи до тоа ниво да тој започне да пцуе и се расфрла лево десно со празните запалки.Паааао рече една запалка крешејки се од зидот.Фрчеа запалки на сите страни се додека не се дупна таванот од една метална запалка.Ја пребара цела куќа и нигде немаше запалка како за инает.Се врати во собата и почна да му објаснува на соговорникот од фејсбукот за неговата сторија.Тој веднаш му рекол да се откаже од цигарите без двоумење.НЕ рекол овој ако сакав да се откажам ке се откажев до сега ама нејќам….Одмавајки се така лево десно во фиоката здогледал еден ќибрит.За миг му светнале очите како сијалица од 40 вати. Го отвора кибритот ни една клечкалица внатре ,верувале или не.Запеал од нерва….Решил да се обеси на гредата која што ѕиркала од дупката на таванот.Повел јажиња со себе и направил добра јамка која што ја прицврстил на гредата.Ја оптегнал јамката околу вратот и се пуштил надоле ,но пак малер се скршила дотраената греда и се струполил на креветот без ниту една огреботина.Се туфкал така извесно време и му текнало друг начин да си го одземе животот.Овој пат ископал една туба ќерозин од приватниот аероплан на татка си.Не ставајки ги во обзир другите релевантни фактори истурил врз себе педесетина литри керозин помешан со сирова нафта која што татка му ја набавувал од Либија.Така облеан решил да си го стави кибритот но, кога му текнало дека е празен закукурикал од нерви.Ја удрил главата од ѕидот и се здобил со неколку огреботини од 1 левел при што заглавил во стаклената волна ,зад гипс картонот.Потем се измил да не го пече од волната и решил да ја одстрани брадата за да биде стросан кога веќе решил да си го одземе својот прекрасен живот.Но малер искрсна в час, тантелејки го бричот му паднал в шолја.Му текнало да побара џам за да ја отстрани брадата. Веднаш замавнал со тупаница во прозорецот но малер по малер се ределе в миг ,само го свиткал џамот и цел прозорец се откорнал со се каса и паднал на улица.Така песосан ја зел на дедо му машината за сечење дрва за да би можел да си ја пресече главата.Врти сучи не пали машината никако.Што да прави сега кутриот тој???Го отворил чејзот и го облекол најгламурозниот костим Роберто Кавали и обул еден шпил луксузни чевли кои ги добил за 8-ми Март од девојката.Така заблескал иако небричен и не среден во косата се спремил за свечениот чин.Собрал по комшии 2-3 илјади евра за погребални сврхи и им напишал писмо на своите.Го порачал најскапиот ковчег кој го нудела компанијата и закажал за утре кај 1 часот.Ете така се било подготвено но сега уште едно гајле му останало ,а тоа било како ќе си го одземе животот без да инволвира ниедна индивидуа, односно сам да го стори тоа.Пиштоли ,огнени орудија не доаѓале во предвид бидејки воопшто и ги немало, иако дедо му на времето бил ловџија, сите орудија ги имал распродадено како да знаел,значи ете некоја коинциденција.Времето течеше до утре ,16 часа 37 минути енд каунтинг.Триста идеи му просвиреа низ централниот нервен систем но никако да најде идеален начин за тоа.Посетил неколку фирми,каде што немал исплатено долгови ,и постанал фито со истите.Се вратил дома го повадил фикусот и лемоните и забришал прашина од скапоцените добра кои што ги поседувал.Бил решен да остави се под контрола па дури и порачал нов аламински прозорец за во капатилото.Размислувајки сеуште низ куќа врткал и зачистувал понешто.Го беше обзеде студена пот,кога заѕвони некој на вратата.Но тој знаеше кој може два пати да ѕвони.Ја зеде пензијата на дедо си и отиде да плати кабелска и телефон.Повторно дојде дома збунет,и се симна во подрумот ,ја преточи зелката и ја напумпа издишаната гума од велосипедот со мотор на дедо му.Ги здогледа дрвата и се реши да прецепи некое дрво за да не ги мачи другите.Цепеше негде час и половина кога купот од подредени дрвја изнесуваше 2 кубика.Пред да се качи горе здогледа еден огромен штакор кој беше се заплеткал во глувчјата стапица.Го понесе штакорот со една лопата и го фрли во најблискиот контајнер.На телефонот му се јави татко му соопштувајки му дека веке бил на пат за дома од Аљаска.Почнал да се трашта што побрзо да направи бидејки времето било кратко.За наредниот ден имал закажано кај матичниот лекар за да ја провери јетрата.Се јавил кај матичниот и му рекол да го одложи терминот бидејки утре ке бил заузет.Лепо је у рају али екипа је у пакао му рекол на докторот и му спуштил слушалица.Докторот занемел неверувајки им на своите уши.Вртел низ дома нервозен пред самиот чин и сменал една потрошена батерија од ѕидниот часовник.Прочачкал во шифуњерот и здогледал неколку накапани скапи парчинја облека одела,ова она.Веднаш повикал такси и ги пратил не хемиско перење.Незнајќи што да стори побрзо испил 750 милилитри лозова ракија и се упатил кон санитарниот чвор да обави нужда при што се сопнал од прагот и отишол во неврат кај врагот.Удирајки со главата во лавабото добил потрес на мозокот од 16 степени по Рихтер.Така мирувал во полулежеча состојба и испуштал неартикулирани звуци на бол.По некое време се здобил со посттрауматичен стрес и се разбудил након две недели во болничка одаја конектиран со некакви чудни справи(апарати се разбира не за домаќинство).Тогаш зачкрипи вратата и се појави еден човек во бело(се разбира не поп)и вгнезди една игла под кожата на пациентот.Оф извика пациентот па оваа игла е за нижење пиперки рече и му возврати со еден еластичен шамар на човекот во бело и стана од креветчето.Но,запирка сепак незнаеше кој пат да го фати бидејки не се сеќаваше на ниеден миг од минатото.Чекорејки низ ходниците на здравствената установа лоцирал една пицната докторка која што се одмавала лево десно како мува без глава.Решил да и пријде поблизу и ја запрашал....


TO BE CONTINUED


Автор :Ѓорги Иванов

Дополнителна анализа на четивото следи во наредна прилика..

Со љубов од авторот..........

No comments: