
Дејството се случува 17 иарс лејдр.Не се знае точно која година е,времето врви многу побрзо од колку што врвеше.Пролетта е 99,9 % присутна,значи 0,1 % од времето е лето односно се стреми кон лето бидејки еден ваков процент е значително безвреден.Тоа беше ретка пролет која едноставно не им дозволуваше на другите годишни времиња да стапат на сила.Никаква виша сила не може да ја испровоцира пролетта ,никакво глобално затоплување ,никакви атмосферски влијанија.Овчарот веке неколку години го истражува овој мистериозен феномен.Овчарот е стар пес,бидејки времето врви како никогаш дотогаш.Многу работи се променети.Воздухот не е баш толку проѕирен колку што беше на времето ,не е тоа тоа.Порано воздухот беше толку оштар што просто можеш да се задавиш дишејки го.Беше први јануар тивка пролетна квечеринска попладневна вечер.Овчарот слави 20 години брак во мрак.Жена му викнала 40 гости ,а тој не викнал ни еден бидејки сматрал да за ваков спектакл нема потреба да се крева толку прашина.Овчарот бил сеуште меѓу најголемите тајкуни во своето соседство.Сега веќе имал пари да оди на Марс.Токму така за нивниот јубилеј тој изготвувал еден доста солен подвиг: кога велам солен тоа се мисли на солен подвиг кој е достапен само за оние со длабок џеб,или по потреба надграден.Жената појма немала за какво изненадување станува збор.Впрочем Овчарот го кроел планот уште одамна и берел пари со години мечтаел за марс, јадел леб и ајвар само за да закорачи на Марс и да види со свои Очи дали и таму изгревјат сонцето како и вамо и дали зората грејт в душата.ЗА да не ве чуди во тоа време имало организиран превоз до Марс со Автобус до Прилеп и од таму со Воздухоплов до Пловдив каде се качувате на Шатл.Овчарот извадил посебни пасоши за во вселената.Следните денови се однесувал мошне чудно ,варел ракија ,се збогувал со одредени ликови ,се спремал за на Марс.Не знаејки што да прави со Овците ,ги ликвидирал сите со автоматско орудие и зачувал две јагненца машко и женско за да би ги размножувал на Марс.Жена му иако била бремена 6ести месец тој заповедал да се породи веднаш ,бидејки не сакал да носи маргинални суштества во космосот и да ги зема на душа.Како што знаеме имал цела плејлиста на потомства кој биле женети односно мажени тука и во прекуокеанските земји во светот.За ова потомство предложил да го остави во дом за новорожденчиња, и да го покупи штом се врати од Марс.И бидна.Жената се породи со мака и остави зад себе солиден плод на љубав кој се должел на Овчарската умешност за формирање на здрави,силни и чесни потомства.Откако се збогувал со закрепостените селани ,пријатели верни и неверни ја форсирал жената на брзо поаѓање на пат ,мамејќи ја дека одат на Куба да се прошетаат, и да купат постер од познатиот диктатор Че Одговара.Жената додека се мислела дали Че Одговара или не Ќе Одговара ,Овчарот ги беше подготвил куферите-Неколку канти сирење Овчо,неколку стотици литри ракија Лозовача,неколку кила зелка за сарми,некоку ДВД-а со порно содржина,четкичка за заби,прибор за пушење,прибор за специфични материи за олаксавање-мастрафи,жолтото Порше исто така го спремал за на Марс,внатрешна гума за велосипед од која би сечел парчиња за лепење на гума-доколку му се скине гумата од Поршето.Да не набројувам едноставно ја кренал цела куќа па дури и својот душек Алфа Дормео 2gb Memory на 800 Mhz персонален рачунар со водено ладење и багаж од 450 литри.,550 коњски сили 300 кубици дрва и четири кофи струја монофазна и полифазна се разбира ја платил во ЕВН.Освен тоа спаковал и една вреќа со пари кои ги подигнал од автомат за трансфер на парични средства.Арно ама една работа ја кочеше целокупната работа.Имено Јестрдеј едно од јагненцата поточно машкото јагне(овенче) го фатило свински грип.Кога воочил Овчарот дека кашла јагнето како туберкулозен човек ,веднаш го фатил јагнето од спротивниот пол и го изолирал со изолир односно го поставил во карантин.Бидејки во неговиот реон сеуште не бил стигнат иљачот Тамифлу ,Овчарот го викнал Милутин да му забае на пациентот.Владиката го ококорил јагнето за 2 минути го направил бимбиљ.Милутин веднаш му препишал на јагнето терапија-по една главица кромид 3 пати пред јадење, и му забаил за тренутак-Пу да те серат кокошките.
Овчарот го поканил Милутин со својата сопруга да појдат со него во демек во Куба и му намигнал на јагнето.Вирџинија била ремче за Куба и без размислување се согласила.
Милутин бил согласен од мајка па така дружината била оформена и преформулирана како и загарантирана ....
KONEC
TO BE CONTINUED
CAST:
Ovcarot
Zena mu na Ovcarot
Vladikata Milutin
Virginija Milutinova(zena mu na Milutin)
Jagne broj 1-maski pol
Jagne broj 2-zenski pol
Rezervno[hidden] jagne -bipolarno
Korisni soveti>ne izlagajte se na stud ako ne vi e axele.
Preporaka za citanje>Mali prikazni za golemi deca-Aleksa Mikik
Gledajte vesti na Sitel ke kazat za vremeto.
Copyright © 2009 Scafander Corporation.All Rights Reserved.
No comments:
Post a Comment