Куќата е семеен дворец на човечките страсти ,во куќата опстанува и се
прерасположува секакво створење па дури и глушецот.
Со два збора речено куќата е закон,замок,ексклузив,класик и експлозив.
Куќата можеме да ја дефинираме како:
Деф1.Дел од (тула врз малтер)на квадрат,дограма,стаклена определба,довод ,одвод
струја и телефон.
Деф2.Куќата е лежерно место на опстојувачки објект,чудесен затвор
кој е милостив за оној кој е вгнезден во него.
Што се однесува до насловот тој е без повод и јас ке дадам куќа ако треба и
на 3 спрата палата не сум циција и несум општо лежарен и дискретен.
Да бидам дециден по конкретно јас сум еден вид на карактеристика со ретки
особини и имам околу 26,5 влакна на дојката.
Секогаш кога земјата ќе се здобие со потрес т.з. земјотрес куќата се распада
и останува само една греда намачкана со лак за чамци и претопена со еден куп
честици на прашина.Но, да не должам многу да преминеме на главното:
или подобро кажано ,поименски кажано впрочем узалуд Јас се бавам со исцртување
на карактеристични оплеменети нацрти со повеке наменска формуларна содржина
кој зафаќааат поголем простор од пропишаниот,при што пенкалото го прифаќам
држејки го со трите прсти :показалец,палец,среден прст ,прстот до средниот прст
и като потпор на овие големи прсти при тешка капица највеке го прима малиот прст,
а врши најмала функционарна улога.Загреота!
При исцртувањето со дворачна рачна определба мислителната,психолошката улога ја
обавува левата предкомора од меѓумозокот давајки му сигнал на раката да исцртува
на влажна подлога од тервол и муфлон и да знае како да се придвижува ,надлежно
или прокопсано-смајано.
Доколку цртежот се израдува со молифче тоа ке дојде како пролифче на изгужвано лифче
и и и времетраењето на подготовката на самиот цртеж е доста долга и трае оклу 124,2
минути,а со хемиско-стилско средство пенкало или мастило е доста кратко бидејки
стилото е повекеклизачки елемент на хартија која трпи свашта.
Цртежите се изработуваат претежно со лева рака за да полесно Куќата се гледа во
профил.Доколку си десничар искрено си Најебал.
Астабилната состојба на куќата се црта без темели затоа што никој не би се
осврнал на темелите.Истотака цртежите се изработуваат исклучиво на вечер
за да дојдат што погрди,поневкусни бидејки дење се гледа подобро.Нели?
Доколку сијалицата ви е од 40 вати тогаш цртежот несомнено е повпечатлив
а ако се работи на неонка или трепкач тогаш се би било така енергично како
Ред Булл.Исто така тетратката или материјалот на кој подготвувате дело
треба да биде стара минимум 364 дена за да цртежот дојде што погнасен и неугледен.
Алфанумеричкиот код на цртежот треба да се занемари прибидејки во оваа техника не се работи со такви работи.Најважно е тоа што цртежот не се изготвува во трезвена
состојба туку под хемиски препарати за олаксавање и расположување.Е исто можи и
пијан ама најдобар цртеж би испаднал од дрогирано и пијано биче истовремено
за да би испаднало едно ремек дело.Еден примерок од просечна куќа на 3 спрата
би чинел 198000 еура.Кај нас таквите дела се недостапни за нашиот џеб,но,
ете тоа е тоа....
1 comment:
е ова веќе се прифаќа гојдо едно си го поарнил стило на пишење сфе е нешо ко на научна основа ама ипак не е хехехе ај сефте блого и продолжи така точка
Post a Comment