Tuesday, December 27, 2005

Долга,трагична и тешка ноќ.....

И оваа вечер помина така.Времето беше чудно и поволно за бришење на постови!
Ме обзема тешка депресија и ми иди да се акнам од чименто.Се случи толку брзо што не можеше никако да се интервенира.Со брза и одлучна акција постот се здоби со опомена пред одстранување и за жал беше и отстранет.Исто така му се извинувам на соработникот
T.Shadow доколку беше навреден поради тоа што се случи.Воопшто не мислев тој пост да биде отстранет од неговиот блог,но тој недвоумејки се многу го ликвидира тој такоречи интересен текст кој заработи црвен картон.Тоа што ми помина низ централниот нервен систем јас ги изустив,зошто тој така реагираше како и повеке пати,тоа е негова работа и не би можел да навлегувам во неговата психа, Нали!Сепак една ретка благодарност за досегашната соработка со овој лик и до моите очи воедно што ми овозможуваат и понатаму будно да ги следам настаните што се случуваат во оваа тешка ноќ, тешка како за мене така и за овој сметач кој работи еве веке 2-3 дена непрекинато.Како ке се одвиваат работите во наредните денови само господ би требало да знае ,зошто кај е госпо никој не е!Тое е една трагедија,во која загина еден невин Текст.Сите што сакаат да му оддадат почит на истоимениот нека остават коментарче или нека присуствуваат на свечениот реткоритуален чин -Поставување на истоимениот неколку метри под земја,кај 5 5 и пол на ден денешен.Од мене толку за денес од госпо појке и пријатна вечер ако можи да се нарече вечер.

Sunday, December 25, 2005

Јас ке ти дам куќа

Куќата е семеен дворец на човечките страсти ,во куќата опстанува и се
прерасположува секакво створење па дури и глушецот.
Со два збора речено куќата е закон,замок,ексклузив,класик и експлозив.
Куќата можеме да ја дефинираме како:
Деф1.Дел од (тула врз малтер)на квадрат,дограма,стаклена определба,довод ,одвод
струја и телефон.
Деф2.Куќата е лежерно место на опстојувачки објект,чудесен затвор
кој е милостив за оној кој е вгнезден во него.
Што се однесува до насловот тој е без повод и јас ке дадам куќа ако треба и
на 3 спрата палата не сум циција и несум општо лежарен и дискретен.
Да бидам дециден по конкретно јас сум еден вид на карактеристика со ретки
особини и имам околу 26,5 влакна на дојката.
Секогаш кога земјата ќе се здобие со потрес т.з. земјотрес куќата се распада
и останува само една греда намачкана со лак за чамци и претопена со еден куп
честици на прашина.Но, да не должам многу да преминеме на главното:
или подобро кажано ,поименски кажано впрочем узалуд Јас се бавам со исцртување
на карактеристични оплеменети нацрти со повеке наменска формуларна содржина
кој зафаќааат поголем простор од пропишаниот,при што пенкалото го прифаќам
држејки го со трите прсти :показалец,палец,среден прст ,прстот до средниот прст
и като потпор на овие големи прсти при тешка капица највеке го прима малиот прст,
а врши најмала функционарна улога.Загреота!
При исцртувањето со дворачна рачна определба мислителната,психолошката улога ја
обавува левата предкомора од меѓумозокот давајки му сигнал на раката да исцртува
на влажна подлога од тервол и муфлон и да знае како да се придвижува ,надлежно
или прокопсано-смајано.
Доколку цртежот се израдува со молифче тоа ке дојде како пролифче на изгужвано лифче
и и и времетраењето на подготовката на самиот цртеж е доста долга и трае оклу 124,2
минути,а со хемиско-стилско средство пенкало или мастило е доста кратко бидејки
стилото е повекеклизачки елемент на хартија која трпи свашта.
Цртежите се изработуваат претежно со лева рака за да полесно Куќата се гледа во
профил.Доколку си десничар искрено си Најебал.
Астабилната состојба на куќата се црта без темели затоа што никој не би се
осврнал на темелите.Истотака цртежите се изработуваат исклучиво на вечер
за да дојдат што погрди,поневкусни бидејки дење се гледа подобро.Нели?
Доколку сијалицата ви е од 40 вати тогаш цртежот несомнено е повпечатлив
а ако се работи на неонка или трепкач тогаш се би било така енергично како
Ред Булл.Исто така тетратката или материјалот на кој подготвувате дело
треба да биде стара минимум 364 дена за да цртежот дојде што погнасен и неугледен.
Алфанумеричкиот код на цртежот треба да се занемари прибидејки во оваа техника не се работи со такви работи.Најважно е тоа што цртежот не се изготвува во трезвена
состојба туку под хемиски препарати за олаксавање и расположување.Е исто можи и
пијан ама најдобар цртеж би испаднал од дрогирано и пијано биче истовремено
за да би испаднало едно ремек дело.Еден примерок од просечна куќа на 3 спрата
би чинел 198000 еура.Кај нас таквите дела се недостапни за нашиот џеб,но,
ете тоа е тоа....