Sunday, September 29, 2013

Овчарот 14-Angels & Demons





Наближуваше Најн Илеван ,уствари  21 Декември.На секој жив организам потсвесно му одекнуваше во главите еден ретко иритирачки звук Tic-Tac.Небото беше ултравиолетово со примеси на инфрацрвено,Блутут 2.0,Цијан,како и некоја лоша Пембе боја.Дури може да се каже дека беше повиолетово од Виолета Томовска.Се чувствуваше напнатост и болки во зглобовите,затишје пред катаклизма,сите беа како муви без глави,а некои со мувата на капата,додека пак некои се понашаа мошне безгрижно (Кеарфри ултра со долги крилца),иако се наговестуваше Апокалипса Сега.Овчарот се имаше наклукано Наклофен да не го вртат костите.Како што знаеме Овчарот ја имаше и таа привилегија да пребегне на Марс и да гледа на СИЕНЕН како пропаѓа светот,како земјата ја вртат чудни шлепери управувани од шалабајзери натоварени со необични супстанци.Додека светот беше под закана од Смак,Овчарот се справуваше со 300 проблеми.Во неговата сопруга беа влегле 7-8 ѓаволи меѓу кои и едно правнуче на Луцифер.Владиката Милутин бил задолжен за егзекуција односно егзорцизми,бидејки имал извадено преку 300 демони ,па дури имал играно Кантер со Новак Џоковиќ што и не е толку битно.Тој ден Овчарот имал гости за Св.Никола бидејки еден од неговите двојници се викал така,и бил поднапиен уште од рани мугри иако пиел снажни ПејнКиллерс.Славјето се одвивало на една мегајахта во Амазон директно в џунгла со директен пренос на Антена 5 ФМ.Јахтата била специјално дизајнирана да издржи директен слободен удар од CR7 ,метеори,комети такви ентитети биле смешка,илузорно е да се зборува на таа тема.Овчарот планирал на пловилото да укрца што е можно повеке флора и фауна во случај на катастрофа, по примерот на Дедо Ное.На јахтата имало забава за сечиј вкус па дури и за оние најекстремните екстремофили.На палубата возела кревка Џангл музика во склад со околината.За вечера имало доста егзотично мени:динстан делфин,поховани тестиси од Кентаур,плешка од Брахиосаурус(секако изумрен вид  кој Овчарот го набавувал преку своите закупени црвоточини низ космосот преку паралелна димензија на нашата),Драгон пржен и слично.Клопотеа лажици,ножеви сите наведнати зобаа мрморејки по некој збор..Одкако им опаднал притисакот на гостите после обилната вечера Овчарот наредил да се пушти музика на сите нивоа колку што може и не може да се љуља брод и да се испуштаат мали сигнали кроз џунглата.Загрмел снажен Џангл онбоард со примеси на Трипхоп,прогресивен крекачки стил кој делувал пријатно врз публиката.Сите се чувствувале евентуално и како да подзаборавиле зошто се дојдени.Во измеѓувреме се чу некаква бука,во вид на земјострес при што сите почнале да пиштат да корнат.Тоа беше шеикот Кемал Монтана со својот глисер кој грмел како Eurofighter Typhoon што е еднакво на =Правосмукалка СУПЕР 500 на СЛОБОДА Чачак.
Кемал доаѓал директно од на свадба од кај некојси 16ти братучед од Абу Даби што значи бил под Гас и не го интересирало дали е 21 декември или 2 Февруари затоа дошол на Сафари да ги троши своите пари сега чуџуклари.На Шеикот му било битно да има Виска и нешто да Стиска бидејки во спротивно Овчарот ке јадел копачка в Писка.Овчарот го примил својот стар пријател инсајд и му дофрлил некоја хиперфраза>Welcome aboard you fucking cunt!
As-salamu alaykum рекол шеикот лигавејки се како старо магаре без вилица,бидејки бил направен Гоце Арнаудов.Овчарот им дал ишарет на хостесите да не го игнорираат тајкунот Кемал бидејки не би било добро за нивното здравје.5-6 скоцкани како квадратки високомлечни старлети увезени од Амазонија поточно Француска Гвајана(Ebony боја на тен), го придружувале Кемал на своето сепаре чисто за декорација, да не бидат само пендраци на маса.Овчарот пуштил една тепсија кебапи да дупнат гостите.Е сега ке речите кај најде кебапи на сред Амазон?Впрочем тој одмрзнал сабајле дестина килограми мелено од Моби Дик китот директно испратен од Исмаил китоловецот преку брза пошта DHL.
И така прекршил 22 декември и никому ништо.Овчарот знаел дека е лажна тревога,и не верувал многу во предсказанија и таквимити работи,знаел дека се драпаат овие Маите со календарот дека нешто не се совпаѓа со годината.12 часот прекршил вештерката абер немала да дојде и газдата ни 5 ни 6 дал ишарет да продолжи манифестацијата со исто темпо.Видел не видел на главниот стејџ се насобрале тинејџерки млади при што со одлучна акција Овчарот го презел кормилото и пуштил комерцијални хитчиња нешто вамте-тамте да се разгори жарот кој тлеел на стејџот.За да ги смири малце преплашените дечиња Чобан како чобан соопштил низ цел брод дека 21 дек. е одложен за идната среда ,и тоа како добил официјален отчет од НАСА бидејки им дошле дрвата во наса и не можело на 21 дек. да се стартува.И деца ко деца веднаш поверувале на оваа шпекулација која немала врска.Тогаш од некоја страна се пријавил владиката Милутин пијан Ќор ,со се седумте Ѓаволи кои беа навлегле во невестата и се закачил на шанк и порачал за сите по еден дупли Скоч.Овчарот веднаш заповедал давајки ишарет на демоните да им се сервира солна киселина наместо Скоч бидејки ја опседнале неговата женка,и ја направиле за нигде.Но како што знаеме со Ѓаволот не се фрла камен и дека тој нити Ора нити Копа, ами може да те надигра за сите пари.Демоните не само што на екс ги мавнале своите ациди,туку и почнале да блуваат оган на шанкот формирајки ватрена атмосфера како што тоа се прави во престижните ноќни клубови.Во меѓувреме се случила наезда на тинејџерки кои биле намамени од фината атмосфера и дошло до таканаречена интерференција на Ангели и Демони при што тензијата достигнала критичен стадиум.. И така се форсирало силно темпо и со полна пареа забавата траела цел викенд без пауза да се чуди цела џунгла ,Кој се овие специјалки викале??



To Be Continued



Copyright © 2013 Scafander Corporation.All Rights Reserved.


Wednesday, May 02, 2012

Овчарот 13-Nomads and aliens

Софистицирани Овчари на Марс кои ги паселе своите овци илјадници години во далечното минато додека Змијата ги кандисувала Адам и Ева да јадат Златен делишес во Еденската градина.Дали е возможно номадски народ кој имал способност да патува низ космосот во потрага по свежи тревни заедници далеку пред нашата ера,да ја посетил Земјата како богата флоресто-фаунеста кугла погодна за одгледување на домашни животни како што е вуњениот тревопасац(овцата) и воедно да ја насели истата како што тврдат теоретичарите на древни изванземаљци.Можеби понатамошните докази се кријат пред нашиот нос, а каде ако не во легендата за "Овчарот-Goats and Aliens". Имено пронајдени се стотици глинени плочи на локацијата аеродром Логоворади илјадници год пред н.е. скриени во канта за сирење од нерѓосувачки челик длабоко под земја.Во многуте легенди се зборува за номадски народ кој тргувал со млечни производи,сирење,волна и високотехнолошки уреди за лоцирање на пасишта и терени погодни за бачила,голф, играта Ѓавол и сл.Но,како ??Неписмен Овчар без основно образование да располага со технологија за патување низ свемирот?ДА во тие времиња како што тврдат теоретичарите сирењето бил еден од најбараните елементи во универзумот кој најверојатно се користел како материјал за малтерисување отпорен на радијација и други космички влијанија.Замислете една канта галичко сирење да е еднаква на една количка вар негаснета,или една приколица песок да е равно на два тона млевени Ораи.Но, зошто?Дали супериорните екстратерестријалци и синдикалци се исправиле на земјата далеку пред нашата ера во потрага по урда и каурско сирење,а за возврат на мештаните им дале зелено светло да општат со нивниот понежен пол формирајки хибридно племе таканаречено Cosmic Nomads,и варварски племиња како што се Бабарите и Мечкарите(Истеривачи Џавола)ентитети со телепатска способност за истеривање зли духови,демони и слично.Дали Ромбоидното население има ванземско потекло?А одговорот е апсолутно ДА како што тврдат теоретичарите на древни астронаути.Дали Bigfoot ентитетите како што се Jeti и Sasquatch кои се сметаат за вонземски можат да се споредат со Бабарите?Да можат бидејки и двете смрдат на 3 километри,имаат издолжени лобањи,имаат стапала како пераи,носат клопотарски инструменти итн.Како можеме да најдеме други докази за присутноста на екстратерестријалци и нивното влијание врз Номадско-сточарскиот народ кој наводно настанал од мајмун како што тврди Чарлс Дарвин.Ајде да прочешламе низ историјата и воедно да прочаскаме што тоа сакале да ни пренесат нашите предци прабаби,прадедовци... Зошто тие говореле во шифри?-Матна вода не гази!!Дали знаеле што крие матната вода и кој му ја мати водата на коњите?Кај што има чавки и гаврани има нешто!!Зошто Едгар Алан По бил запнат по таа грдолика,рејвенолика птица?А? Долг Тодор без коски во облаци на гости?Можеби станува збор за безрбетен астронаут кој патува по облаци во својот спејс шатл и испушта чад.Друга поговорка би била:Кај е Господ никој не е!Уште колку фурни леб треба да изедеме или да развиеме технологија за да одиме таму кај што никој не е?Следна поговорка:Врана на врана очи не копа!Ах пак со чавки..Ни во куче вера ни во лаком мера!!Нема врска ова со вонземјани меѓутоа не е на одмет.Потем што би било..Пцовисано магаре од волк нема гајле!Допирна точка нема со темата меѓутоа не значи дека треба да го изоставиме.Доста добра поговорка која треба да се дешифрира е:Кој лаже ќор да умре!!Сепак ова нека биде за домачи задатак.Зошто Браќата Миладиновци биле преокупирани со народни поговорки и преданија ,дали тие знаеле за нешто што не е од овој свет.Опатиго-натиго в рака фати го.Каква е таа справа која што се држи во раце,можеби топ или ламфер.Зошто Леонардо Да Винчи имал нацрти за механички робот во 15 век,а нашите револуционери по 400 години едвај еден топ имале дрвен,кој што служел за еднократна употреба,и земал жртви во радиус од неколку метра.Зошто Овчарот од нашата сторија се интересирал за вселената уште од мали нозе,а појма немал од физика и астрономија,не знаел од кај изгрева сонцето како мал.Дали Овчарот имал блиска средба со Е.Т. уште како младо Чобанче кое појма немало за ништо освен да паси овци.Како Овчарот станал мултимилјардер од селското гето и се впишал во Гинисовата книга за најдбогат Чобан на сите времиња.За разлика од другите чобани кои имале по 2-3 магариња во шталата,тој имал возен парк од 5 милиони евра во својата штала.Имал Мегабачило со 7 звездици,имал 5 станови на Марс,луксузна спејс-јахта за пловење низ времето,луксузен спејс-килим за летање итн.Па дали може Овчарот да е бесмртен шизик кој денденес го консумира еликсирот на младоста 3 пати на ден пред јадење,ама не изгледа толку млад бидејки касно го пронашол еликсирот,односно му го дале боговите кои слегле од небото ведро...


 TO BE CONTINUED 
 

Copyright © 2012 Scafander Corporation.All Rights Reserved.

Sunday, September 19, 2010

Овчарот 12-Queen of Clubs(Чупа Спатија)


НА МАРС НЕМА ЖИВА ДУША!WRONG!На Марс имаше живот се додека Чак Норис не стапна на розовота планета и со неговиот заводлив поглед ја направи црвена.Долги години на Марс немаше живот освен некои Марсовци кои не се сметале за луѓе.
НО,откако дојдоа многу побудали луѓе од Чак Нориз ;Марс се престори во ултра монденско одморалиште и живеалиште на најмоќните луѓе од планетата земја.Денес на Марс може да се најде од просечни милионери и надпросечни милијардери па се до питачи и бездомници кои најверојатно дошле преку некоја црна дупка.На Марс можете да најдете стан за 50 центи ако подзапнете.Иако на Марс температурата била -260 степени на некои места за луѓето немало зима бидејки се грееле со Марсовци.Да добро слушнавте еден марсовец создавал топлина од околу 300 степени што е доволно за една шупа од 5-6 квадрати.Луѓето биле сеуште најпаметни створења на Марс,користеле Марсовци за грејни тела,за воздух и не се грижеле многу бидејки заборавиле да дишат.Мала шега воздухот бил најскапиот елемент во вселената кој што се спроведувал во секој дом преку специјални системи.Овчарот бил веке неколку години на Марс па дури и научил доста добро да зборува Марсовечки.На Марс можете да сретнете луѓе од најразлични краишта.На пример:Гоце Делчев играл во фудбалскиот клуб Марс НапаЃа и имал приватна фабрика за оружје на Марс.Гоце на Марс го викале Сегментот(Делот) бидејки имал необично презиме.Овчарот често купувал пушки и пиштоли од кај Гоце Сегментот за своите приватни забави.
НОВ РЕД
Овчарот живеел на марс под кирија бидејки не бил за долго.Тој знаел дека жена му спие со неговиот клон бидејки клонот објавувал клипови на интернет со непристојна содржина.Овчарот му испратил електронски ферман на неговиот клон да се клони од неговата жена, во спротивно ке ги убиел обајцата.Тој живеел 200 на саат на Марс.Станувал околу 7 часот наутро и дрмал по 2 ракии со кафето.Веднаш потоа појадувал и пиел по бочка вино .Потоа одел на кафе со другарите од Марс.Се случувало да се врати по 2 недели дома од на кафе.Таквиот турбо живот не водел на арно.Сексот дрогата и хаусот ја опседна неговата мудра глава.На Марс ја најде и неговата сопатничка-турбо жена за сва времена која допатувала од друга димензија.Тоа створење било хибрид од Тројанска кобила и космичко-трансрефлективен-трансформирачки женски робот кој можел да ја менува формата,кожата и бојата во зависност од условите и очите и биле независни едно од друго като камелеон.
Беше 17 часот на Марс.Овчарот и неговиот другар Гоце Делчев спремаа една доста спектакуларна фешта на која биле поканети најубавите риби од неговото мааааало.
Додека Гоце ги сукаше своите бркови,некој затропа на вратата.Тоа беше Џеремаја свршеникот на Гоце Делчев.Џеремаја бил доста згоден Марсовец.Марсовците по својата градба биле слични на желка.Носеле тврд оклоп и во главата биле како фасонки прегорени.Марсовците имале мозок како 5 годишно дете,но сепак имало и паметни марсовци кои живееле и по 5000 години.Гоце Делчев се бакна со својот свршеник и отиде негде доле.Чобанот реши да ги подготви своите јагненца за вечера,за да би можел да ги нагости марсовците кои немале пробано јагнешко месо.Тогаш долета Шеикот Кемал Монтана со својата приватна ракета.Овчарот го запознал Кемал со неговите пријатели Гоце Револуционерот и неговиот љубовник Џеремаја.Кемал како што знаеме многу сакал да се расфрла со пари така што извадил 200 евра и ги закчил на геврекот.Во тој момент некој зазвони на врата тоа беше Е****** Ристо Бомбата.Мала шега постојано звонеше звончето бидејки доаѓаа луѓе(не биле баш луѓе меѓутоа што и да биле важно доаѓале).На место ристо бомбата дојде Чобановата швалерка тазе поткована ,коњски реп,едно друго.Кобилата блескаше галопирајки и неебавајки жива сила по црвениот тепих.За момент рикна како магаре.Што збиваш мори Овцо? промрморел Овчарот.Ми се скрши потковицата! рече таа и направи фаца како да и фалат 200 денари.Овчарот се изнервирал и ја врзал за едно дрво вон објектот.Откако влегоа сите во објектот Овчарот рекол:Таму од кај што доаѓам јас денес е Коледе и за момент запеал:цитирам(Се собрале Ооовчарите,запалиле силен оган,да огреат машко дете...)И бидна забава.И беше добро.Седнале да вечераат.Овчарот заповедал сите да стават боци со кислород бидејки сакал да го отвори прозорецот за да се проветри од цигарите.И така беше.Во маѓувреме влезе и кобилата преобразена во Парис Хилтон.Присутните не им верувале на своите очи што гледаат.Седнала на масата и порачала едно бокалче ракија.Кемал отишол до својата ракета и донесол еден термос ракија и еден плитар сирење.Останатите пиеле вино и јаделе храна.Шеикот Кемал го донел филмот Inception на дивиди рип да видат Марсовците што е филм.Кога го погледнале марсовците филмот останале подзинати.Кобилата ги кандисала присутните да пробаат да влезат сите во еден сон.Овчарот им стегнал по една лента диазепам од 5 мг. во ракијата.Сите почнале да сонуваат како заклани.Тројанската кобила или хибрид на четири копита имала таква моќ да ги спроведе сите во нејзиниот сон и око да не му трепне на никој.За да биде сонот уште позабеган кобилата го употребила својот соперник Овчарот како архитект на сонот.На Овчарот прво нешто што му паднало на памет го крстил сонот "Чупа Спатија"(Queen of Clubs) бидејки бил голем комарџија.И сонот почна.И беше добро.
Одеднаш нешто почна да тропа по чатијата.Ах тие чавки! рече Овчарот.Почна да се тресе целата планета.Вонземјанииииии!Довикуваа.Тоа беше метеорски дожд.Неписмените луѓе мислеле дека се кара дедо боже.Тогаш удрила една огромна комета 16 пати поголема од Халеевата и го преполови Марс на две.Сите живи суштества почнале да паѓаат надолу или нагоре можеби ,а некои мислеле дека паѓаат на југоисток.Овчарот се фатил за една гранка која стоеше прицврстена за ништо.Почнал да вика да не го чуе некој.Помооош!И така викал извесно време и западнал во длабок сон обесен на гранката.Во сонот си помислил дека треба веднаш да оди на психијатар откако ке се разбуди,слегол од гранката и си заминал дома...


TO BE CONTINUED

Copyright © 2011 Scafander Corporation.All Rights Reserved.

Sunday, December 13, 2009

Овчарот 11-Out of Range



Беше сто сатот рано изутрина Овчарот и неговата жена и уште двајца други биле подготвени за на Марс,или планетата Марс.Овчарот не сакал да живее повеќе на оваа топка бидејки многу било скапо.Имено еден весник бил 5 денари,една гума за јадење била 5 денари,2 леба биле повеќе од 5 денари и така натаму.Тој не дека немал пари меѓутоа не сакал да му плаќа ни една цента на овој проклет народ.Тоа утро заврна пороен ветер и магла имаше но сепак убаво време за да нема никој по улица.Овчарот порачал такси бидејки имал многу ствари(разни работи).Милутиница правела баклава за на Марс бидејки планирале да пристигнат на црвената планета токму за Бајрам.Кога Овчарот заприметил дека Вирџинија подготвува баклава баш пред тргнување,влегол насилнички во кујната и ја потурил со врелиот шербет кој вриеше на ринглата.Вирџинија се насмевна како да не било ништо,а во ствари добила изгореници од највисок левел.Во тој момент таксистот почна да свири да корни.Овчарот излегол надвор и му го покажал средниот прст на таксистот.Таксистот извршил еден маневар со мануелниот менувач и го укотвил во прва брзина, и со полна пареа се обидел да го убие контраверзниот Овчар.Овчарот бидејки бил побудала од еден обичен таксист ,му скокнал како тигар и го фатил за гуша.Го поставил таксистот во ѓепекот заедно со сиот багаж.И тргнале.Такси возилото било марка Чамовица на плин.Кога стигнале во една уличка едно јато луѓе се обиделе да преминат на пешачката зебра.Овчарот немал време за да пропушти толкав чопор и ги согазил фино поштено сите до еден.Пуштил музика на цел глас и газел се што ке му излези пред очи.Но, како што си возел така со 160 км за час излезе еден осумнаесеттонски парни ваљак кој што ја пресуваше тазе асвалтираната улица.Овчарот ја кренал рачната сопирачка и возилото се сврте за 672 степени и полета над ваљакот директно во реката.Човекот со ваљакот се упатил до најблискиот мост да го пречека.Овчарот излегол од колата и се качил на еден глисер кој поминуваше низ реката.Го удавил капетанот на глисерот и продолжил да вози по реката,но кога здогледал од долу се треси земјата.Тоа бил засилениот ваљак кој јурел во контра насока.Овчарот бидејки бил побудала го нагазил глисерот колку што оди и не оди.Чичкото со ваљакот исто така нагазил до крај.Кога дојде до судар на двете возила Овчарот се фрли во вода.Глисерот летна и отепа неколку случајни минувачи.Овчарот скокна го фати тој со ваљакот и го фрли пред ваљак формирајки палачинка од него.Излегол од реката и продолжил да гази луѓе со ваљакот.Полицијата стигна на време откако загинаа 233 цивили.Еден џандар почнал да пука со пиштол кон збрлавениот Овчар кој не гледал кај гази.Овчарот математички пресметал каде ке заврши куршумот кој доаѓал на кај него и го надмудрил,не е битно како важно преживеал.Така полицаецот почнал да пука со автоматско орудие кое испалува многу повеќе куршуми од еден.Овчарот го кренал ваљакот на едно тркало и продолжил да вози.Еден опасен џандар трчал по него и довикувал:Господине запрете го возилото ке согазите некого не дај боже.Овчарот му рекол не се мешај ова не е твоја работа(гледај си го патот).Во меѓувреме пристигна еден кирокоптер и пуштил јаже.Овчарот се фатил за јажето и се повлекол на кирикоптерот,Тоа беше шеикот Кемал Монтана кој што видел на вести дека Овчарот е во невоља.Овчарот пред да го убие Кемал го прашал:Дали сакаш да те убијам пријателе мој?Кемал одговорил :Не јас ке одам со тебе на Марс бидејки сум вљубен до уши во тебе, не можам да живеам без тебе.Овчарот повторно го прашал:Дали сакаш да не те убијам денес ,да те убијам друг пат.Кемал му рекол:Е така не може или денес или никогаш.Овчерот се согласил да не го убие денес ,туку да го убие на Марс иако Кемал рекол за денес.Потоа Кемал се обидел да го бакне Овчарот в муцка.Но Овчарот несакајки да го повреди го удрил со тупаница по носот.Цела полиција го бркаше Овчарот исто како на филм.Тогаш Овчарот се симна на земјата за да ја најде својата сопруга и Владиката.Кога се симнал доле ,се наведнал да си го преврзе својот скап чевел од крокодилска кожа.Кемал му се радуваше на Овчаровиот задник како дете кое се радува за сладолед.Тогаш се чу некаква галама и сите почнаа да бегаат како опалени.За миг како да замрзна земјата ,неверојатен молк се слушна насекаде.Сите цвеќиња овенаа ,а тревата пожолте.Тоа беше Чак Норис.Овчарот ја стави кошулата наопачки за да не го почуди Чак.Од самото присуство на Чак на сите им се крена косата, а на други им се корнеше брадата од корен.Едно девојче се осмели да го погледне Чак.Кој знае што му се случи на кутрото девојче,не знае ни самото.Овчарот му рече на чак норис:Што бараш тука ,ти не си добредојден.Па не си ни ти добредојден му рекол Чак,и така се спријателиле две чуда на природата кое од кое почудно.Влегле во една кафеана да пијат кафе.Келнерот дошол со маска за швајцовање бидејки го видел Чак од далеку дека влезе во објектот.Донеси едно шише виски за мене,и една ракија за Чак Норис рекол Овчарот шегувајки се на Чакноризова сметка.Чак Норис извадил едно тефтерче од пазува и го запишал овој мајтап.Овчарот извадил еден лист и му напишал на келнерот нешто за да не чуе Норизот.Келнерот си заминал од работа.Норизот извадил на маса нешто.Овчарот извадил нешто друго и го зафркнал преварувајки го.И така се замуабетиле двајцата 3 сати во кафаната и си соопштиле по една тајна.Норизот рекол ,јас не сум Чак Нориз јас сум брат му.Овчарот рекол И јас не сум Овчарот јас сум бледа копија од Овчарот ,јас сум клон на величествениот Овчар.Иначе Овчарот е на Марс.Е да бе и баба ми машка е изустил Норизот,па брат ми Нориз беше на марс од тогаш нема живот на марс.Клонот му се јавил на вистинскиот Овчар на мобилен да види дали сигурно е на марс.Овчарот возвратил цитираме:Јас сум на Марс имате срдечен поздрав сите,ете баш пијам кафе со Чак Нориз ,Камерон Дијаз ,Пеце на Трајанка и Мендо на вујко Михаил.Да дојдиш и ти овде ако не ке си направам женски клон од мене.Прекрасно е овде ке си фатам некој марсовец бидејки овде машките марсовци имаат женски полов орган,а женските обратно .Има и среден род ,тоа се познатите изроди од Марс.Батеријата од телефонот се потроши и врската се прекина,а за ручек имало еленски пенис во прав што и не е толку битно при една ваква завршница.....

TO BE CONTINUED

CAST:
Ovcarot
Ovcaroviot klon
Zena mu na Ovcarot
Taksistot
Soferot na valjak
Milutin
Virdzinija Milutinova
Chuk Norris
Brat bliznak na Chuk Norriz
Cameron Diaz
Pece na Trajanka
Mendo na vujko Mihail
Izbezumenite civili

Copyright © 2009 Scafander Corporation.All Rights Reserved.

Tuesday, November 10, 2009

Овчарот 10.0. part 1.0-From Mars with Love



Дејството се случува 17 иарс лејдр.Не се знае точно која година е,времето врви многу побрзо од колку што врвеше.Пролетта е 99,9 % присутна,значи 0,1 % од времето е лето односно се стреми кон лето бидејки еден ваков процент е значително безвреден.Тоа беше ретка пролет која едноставно не им дозволуваше на другите годишни времиња да стапат на сила.Никаква виша сила не може да ја испровоцира пролетта ,никакво глобално затоплување ,никакви атмосферски влијанија.Овчарот веке неколку години го истражува овој мистериозен феномен.Овчарот е стар пес,бидејки времето врви како никогаш дотогаш.Многу работи се променети.Воздухот не е баш толку проѕирен колку што беше на времето ,не е тоа тоа.Порано воздухот беше толку оштар што просто можеш да се задавиш дишејки го.Беше први јануар тивка пролетна квечеринска попладневна вечер.Овчарот слави 20 години брак во мрак.Жена му викнала 40 гости ,а тој не викнал ни еден бидејки сматрал да за ваков спектакл нема потреба да се крева толку прашина.Овчарот бил сеуште меѓу најголемите тајкуни во своето соседство.Сега веќе имал пари да оди на Марс.Токму така за нивниот јубилеј тој изготвувал еден доста солен подвиг: кога велам солен тоа се мисли на солен подвиг кој е достапен само за оние со длабок џеб,или по потреба надграден.Жената појма немала за какво изненадување станува збор.Впрочем Овчарот го кроел планот уште одамна и берел пари со години мечтаел за марс, јадел леб и ајвар само за да закорачи на Марс и да види со свои Очи дали и таму изгревјат сонцето како и вамо и дали зората грејт в душата.ЗА да не ве чуди во тоа време имало организиран превоз до Марс со Автобус до Прилеп и од таму со Воздухоплов до Пловдив каде се качувате на Шатл.Овчарот извадил посебни пасоши за во вселената.Следните денови се однесувал мошне чудно ,варел ракија ,се збогувал со одредени ликови ,се спремал за на Марс.Не знаејки што да прави со Овците ,ги ликвидирал сите со автоматско орудие и зачувал две јагненца машко и женско за да би ги размножувал на Марс.Жена му иако била бремена 6ести месец тој заповедал да се породи веднаш ,бидејки не сакал да носи маргинални суштества во космосот и да ги зема на душа.Како што знаеме имал цела плејлиста на потомства кој биле женети односно мажени тука и во прекуокеанските земји во светот.За ова потомство предложил да го остави во дом за новорожденчиња, и да го покупи штом се врати од Марс.И бидна.Жената се породи со мака и остави зад себе солиден плод на љубав кој се должел на Овчарската умешност за формирање на здрави,силни и чесни потомства.Откако се збогувал со закрепостените селани ,пријатели верни и неверни ја форсирал жената на брзо поаѓање на пат ,мамејќи ја дека одат на Куба да се прошетаат, и да купат постер од познатиот диктатор Че Одговара.Жената додека се мислела дали Че Одговара или не Ќе Одговара ,Овчарот ги беше подготвил куферите-Неколку канти сирење Овчо,неколку стотици литри ракија Лозовача,неколку кила зелка за сарми,некоку ДВД-а со порно содржина,четкичка за заби,прибор за пушење,прибор за специфични материи за олаксавање-мастрафи,жолтото Порше исто така го спремал за на Марс,внатрешна гума за велосипед од која би сечел парчиња за лепење на гума-доколку му се скине гумата од Поршето.Да не набројувам едноставно ја кренал цела куќа па дури и својот душек Алфа Дормео 2gb Memory на 800 Mhz персонален рачунар со водено ладење и багаж од 450 литри.,550 коњски сили 300 кубици дрва и четири кофи струја монофазна и полифазна се разбира ја платил во ЕВН.Освен тоа спаковал и една вреќа со пари кои ги подигнал од автомат за трансфер на парични средства.Арно ама една работа ја кочеше целокупната работа.Имено Јестрдеј едно од јагненцата поточно машкото јагне(овенче) го фатило свински грип.Кога воочил Овчарот дека кашла јагнето како туберкулозен човек ,веднаш го фатил јагнето од спротивниот пол и го изолирал со изолир односно го поставил во карантин.Бидејки во неговиот реон сеуште не бил стигнат иљачот Тамифлу ,Овчарот го викнал Милутин да му забае на пациентот.Владиката го ококорил јагнето за 2 минути го направил бимбиљ.Милутин веднаш му препишал на јагнето терапија-по една главица кромид 3 пати пред јадење, и му забаил за тренутак-Пу да те серат кокошките.
Овчарот го поканил Милутин со својата сопруга да појдат со него во демек во Куба и му намигнал на јагнето.Вирџинија била ремче за Куба и без размислување се согласила.
Милутин бил согласен од мајка па така дружината била оформена и преформулирана како и загарантирана ....



KONEC
TO BE CONTINUED

CAST:
Ovcarot
Zena mu na Ovcarot
Vladikata Milutin
Virginija Milutinova(zena mu na Milutin)
Jagne broj 1-maski pol
Jagne broj 2-zenski pol
Rezervno[hidden] jagne -bipolarno

Korisni soveti>ne izlagajte se na stud ako ne vi e axele.
Preporaka za citanje>Mali prikazni za golemi deca-Aleksa Mikik
Gledajte vesti na Sitel ke kazat za vremeto.


Copyright © 2009 Scafander Corporation.All Rights Reserved.

Tuesday, October 27, 2009

Овчарот vs. Chuk Norris

-Чак Норис је бројао до бесконачност два пати.
Овчарот можи-е да изброи до бесконечност ,меѓутоа по обратен редослед почнувајки од најмалиот број.Нема потреба два пати бидејки ова е посложено.
-Чак Норис можи-е да дели со нула.
Овчарот не ја рачуна нулата за број.
-Чак норис бил голем манга.
Овчарот не бил туку е голем манга.
-Чак Норис не носи часовник на раката бидејки тој одредува колку е часот.
Овчарот носи часовник ама времето секогаш е толку, колку што му одговара него.
-Чак Норис можел да го избриши Рисајкл Бин.
Овчарот можи да го копира Рисајкл Бин на цел десктоп без да креира Шорткат и сите да ги стави во една канта Рисајкл бин,па потоа да ја избриши,но, и да ја врати во рок од 3 години.
-Кога ке влезел Чак Норис во автобус шоферот станувал(станвал) за да овој седне.
Но, кога Овчарот ке помине со своето Порше сите семафори автоматски даваат зелено светло за да би Овчарот можел да влезе со 160 км/ч. во кривина.
-Чак норис имал убиено 2 камења со птица.
Овчарот еднаш изгази едно стадо овци со тракторот на комшијата.
-Чак Норис сексот не го смета за секс ако партнерката преживее.
Овчарот е порно звезда за Чак Норис.
-Чак норис еднаш ја поминал улицата ,и никој не се осудил да ги испита неговите мотиви.
Овчарот еднаш помина со своето Порше преку улица и никој не остана жив.
-Чак Норис се бореше со нож-Ножот изгуби.
За разлика од него Овчарот се пукаше со пиштол ,пиштолот се самоуби од стравопочит кон Овчарот.
-Чак Норис пиел мастило по три пати на ден.
Овчарот пиел по 200 грама кафе на ден и кило виски.
-Чак Норис бил глумец.
Овчарот бил Овчар.
-Чак Норис знаел кај почнува кругот.
Овчарот знаел кај му е крајот на кругот и можел да го сврти обратно цел круг и никој да не примети.
-Чак Норис не верува во бог,ами бог верува во него.
Овчарот не верува ни во бога ни во Чак Норис.
-Еднаш Чак Норис беше каснат од кобра. После 4 дена неподнослива болка, кобрата умре.
Еднаш Овчарот го касна оса.Осата остана жива,ама тој ја најде истата и ја улови.
-Чак Норис може да направи снешко од дожд.
Овчарот може да направе дожд со вода.
-Чак Норис може да те задави со безжичен телефон.
Ама Овчарот па може да те задаве со вајрлес Рутер.
-Чак Норис може да удави риба.
Овчарот можи да ја натера рибата да го удави Чак Норис.

-Чак Норис може да свири виолина на пијано.
Овчарот можи пијан да вози со 160 км/ч и да свири на виолина.
-Чак Норис може да си ги врзе врвките на чевлите со стапалата.
Овчарот можи да си ги врзи врвките околу глуждот а да не ги стави чевлите.
-Чак Норис ја знае тајната на Викторија.
На Овчарот не му е дојдено до тајната на Викторија.
-Чак Норис бил педер во душата. Чак Норис спие со запалена ламба. Не зато што Чак Норис се плаши од темнината туку затоа што темнината се плаши од Чак Норис.
На Овчарот му свети Ламбата ама спие во друга соба за инает.
- Чак Норис еднаш беше на Марс. Од тогаш, на Марс нема знаци на живот.
Овчарот еднаш не беше на Марс ама затоа го има видено Сонцето со голо око.
-Кога Чак Норис се оперирал докторите примиле анестезија.
Овчарот се оперирал сам и без анестезија.
-Еднаш Чак Норис дошол два пати.
Овчарот ниеднаш не дошол еднаш,што значи секогаш доаѓал два пати или повеќе пати.
-Чак Норис има профил на телетекст.
Овчарот има телетекст на својот профил.
-Пин-кодот на мобилниот на Чак Норис е Кодот на Да Винчи!
Пук кодот на Овчарот е кодот на Леонардо Ди Каприо ,а кодот на Да Винчи го знае на памет.
-Само Чак Норис може да каже цела реченица во емисија кај Васко Ефтов без да биде прекинат.
Овчарот кога ке оди кај Васко Ефтов ке се напие едно пакетче диазепам и ке биде смирен.
-Чак Норис нема пенис како на магаре, магарињата имаат пенис како на Чак Норис.
Ниту Овчарот имал пенис како на магаре ниту магарињата имале пенис како на Овчарот.
-Американците фрлиле атомска бомба врз Хирошима и Нагасаки бидејќи сметале дека тоа е похумано отколку да им го пратат Чак Норис...
Овчарот поарно што не се вмешал во овој настан.
-Зошто Чак Норис нема влакна на градите? -Затоа што не растат влакна на челик.
Овчарот немал влакна на јазикот но, имал челична тупаница.
-Чак Норис може да аплаудира со една рака.
Овчарот можел да аплаудира со Четири раце иако немал толку.
-Знакот за паркирање на хендикепирани всушност не е тоа. Тој само покажува како ќе изгледате ако му го фатите местото на Чак Норис.
Овчарот намерно му го фаќал местото на Чак Нориз за да гледа сеири.



Тоа се така некои работи.

TO BE CONTINUED

Tuesday, September 15, 2009

Овчарот и волшебната лампа-9.0 Бета издание



Температурата денес ќе биде доста степени над нулата,не е важно колку ,впрочем важно е да се носи маичка со кратки ракави ,пожелно е да се носат патики или некој пролетен чевел кој може да се комбинира со најразлични парчиња за долни екстремитети.За њажниот пол пожелно е до носи висока подпетица не повеќе од 15 инчи,задолжителен долен веш по можност свежо изваден од машина(строј за прање рубља),кратко здолниште и нагоре не мора ништо освен ако работите во некоја сериозна установа каде што задолжително се носи мантили ,скафандери и слично.Година е две илјади и некоја , 5*10 на 2000 години поминале откако пцовисал последниот диносаурус.Иако не е важно ,може да се каже дека денес е четврток-стара к**ва.Овчарот барајки некои грамофонски плочи во својата сандак-одаја здогледал нешто ама не било волшебната ламба.Бидете трпеливи Овчарот и да најде волшебна ламба нема веднаш да се пофали бидејки не е фалбаџија.Впрочем тој пронашол една стара мапа околу 6*10 на 17-та години на која имало повеќе од двесте локации со скриени богатства.Веднаш ја скенирал мапата и ја испечатил во повеќе примероци и тоа во боја.Хм рекол тој,но и воздивнал меѓу другото.Па јас најдов игла во сено се насмевнал и отрчал кај невестата.Иако не се кажува тајна на жена ,тој го сторил спротивното да види што ќе се случи.На жена му очите од 5 банки се преобразиле во 5 милјарди.Овчарот за инает ја искинал мапата и ја фрлил в ѓубре.Нема богатство за тебе :Чумо една ! извикал Овчарот и го извадил пиштолот од фармерки.Ја погодил невестата со ќор фишек меѓу очи.Невестата мислела дека е мртва и ја отворила устата како крап.Така Овчарот бил рааааат и можел да си ги брка секојдневните обврски.Го викнал Милутин(Владиката) кој веќе станал нов член на фамилијата.Милутин одел со девојчето Вирџинија околу три недели и 5-6 саати, бил многу вљубен во него иако бил постар од него каде-каде.Вирџинија сега имала 14,6 години тамам за правење мастрафи.Овчарот му ја кажал својата тајна на Милутин.Владиката се заколнал дека ке ја чува тајната во својот сеф за тајни во мозокот.Вака така тргнале тројцата во потрага по скриеното богатство.За да не стигнат многу брзо отпатувале со Porche 911 Turbo.На мапата имало 200 точки-локации но, сите биле лажни ветувања само една била вистинита.Во суштина тоа било како да бараш игла во сено или обратно.Овчарот бидејки бил многу мудар пресметал математички каде е вистинската точка.Тој не дека пресметал туку видел назад на мапата -Мејд ин Тајван ,значи пример да речиме не рекламираме никој се служиме со примери.Иако мапата била од пред нашата ера на неа имало бар код ,рок на траење 600 000 светлосни години изразени во нано секунди.Значи бројката е од тука до Лерин и назад.Малку шега не е на одмет.Но, шегата ја ставаме на страна:На мапата имало лавиринт од тачки кои воделе до главната тачка.И да не должеме Мудриот Овчар ја видел точката со голо око бидејки бил многу мудар да не речам препремудар.Фрлил едно око Милутин ништо не можел да види бидејки немал два грама мозок.Тоа било просто и едноставно.Овчарот бил изненаден од тоа колнку Милутин е глупав што не може да види една таква ситница.Добро.За извесно време да не речам 2 дена стигнале во една точка Б.Влегле во точката Б.Точката Б во суштина била населено место со неколку жители на км. квадратен.Разгледувајки наоколу виделе неколку точки со по стотина помали точки.Во некоја точка х7б78 живеел еден волшебник.Веднаш се консултирале со него.Волшебникот им рекол ке ви исполнам на сите по три желби арно ама за возврат да го легнам ова женското суштество.Владиката се согласил рекол:Ај за една невиност ке смениме друга Ебаго!Овчарот се изнервирал и му рекол на Волшебното лице:Слушај бе дечко :Ти ако ми исполниш три желби јас ке ти исполнам четири.А овој му возвратил: Абе не играј Господине ке ти направам магија,па ќе се скапиш од чудење.Овчарот рекол :Ти ако ми направиш магија јас пес да бидам.Волшебното лице возвратило:Ашуру бушуру да те мани гром од небото ведрооооо!Овчарот рекол:Абе кај мава гром во мене јас сум со коприви ранет ко мал,туку дај кажи кај е богатството ќе го делиме 50-50.Епа повикај пријател ако си толку паметен-рекол Волшебникот Пеце.Ама ти многу гледаш Милионер -рекол Овчарот и останал жив.Итака додека се расправеле овие двајцата ,Владиката седнал на еден камен и запеал:Параходооооот мииииии пристигнаааааааааааааа.Оп се отвори портата од пештерата бидејки Параходот бил клучниот збор...

TO BE CONTINUED

Сите сличности со одредени личности не се случајни.
Препорака за читање:Девојчето со ќибритчињата.
Како што знаеме девојчето шиткало ќибритчиња,но кој знае што се крие во тие ќибритчиња
можеби некои чудни мастрафи.Не не.
Препорака број два:Раскази -Палчо.
Препорака број три:Мечето Ушко Долгоушко.
Наскоро:Овчарот со нов профил на Facebook.com

Од Авторот
&&‘‘&‘%&‘‘%&‘„

Copyright © 2009 Scafander Corporation.All Rights Reserved.