Sunday, September 29, 2013

Овчарот 14-Angels & Demons





Наближуваше Најн Илеван ,уствари  21 Декември.На секој жив организам потсвесно му одекнуваше во главите еден ретко иритирачки звук Tic-Tac.Небото беше ултравиолетово со примеси на инфрацрвено,Блутут 2.0,Цијан,како и некоја лоша Пембе боја.Дури може да се каже дека беше повиолетово од Виолета Томовска.Се чувствуваше напнатост и болки во зглобовите,затишје пред катаклизма,сите беа како муви без глави,а некои со мувата на капата,додека пак некои се понашаа мошне безгрижно (Кеарфри ултра со долги крилца),иако се наговестуваше Апокалипса Сега.Овчарот се имаше наклукано Наклофен да не го вртат костите.Како што знаеме Овчарот ја имаше и таа привилегија да пребегне на Марс и да гледа на СИЕНЕН како пропаѓа светот,како земјата ја вртат чудни шлепери управувани од шалабајзери натоварени со необични супстанци.Додека светот беше под закана од Смак,Овчарот се справуваше со 300 проблеми.Во неговата сопруга беа влегле 7-8 ѓаволи меѓу кои и едно правнуче на Луцифер.Владиката Милутин бил задолжен за егзекуција односно егзорцизми,бидејки имал извадено преку 300 демони ,па дури имал играно Кантер со Новак Џоковиќ што и не е толку битно.Тој ден Овчарот имал гости за Св.Никола бидејки еден од неговите двојници се викал така,и бил поднапиен уште од рани мугри иако пиел снажни ПејнКиллерс.Славјето се одвивало на една мегајахта во Амазон директно в џунгла со директен пренос на Антена 5 ФМ.Јахтата била специјално дизајнирана да издржи директен слободен удар од CR7 ,метеори,комети такви ентитети биле смешка,илузорно е да се зборува на таа тема.Овчарот планирал на пловилото да укрца што е можно повеке флора и фауна во случај на катастрофа, по примерот на Дедо Ное.На јахтата имало забава за сечиј вкус па дури и за оние најекстремните екстремофили.На палубата возела кревка Џангл музика во склад со околината.За вечера имало доста егзотично мени:динстан делфин,поховани тестиси од Кентаур,плешка од Брахиосаурус(секако изумрен вид  кој Овчарот го набавувал преку своите закупени црвоточини низ космосот преку паралелна димензија на нашата),Драгон пржен и слично.Клопотеа лажици,ножеви сите наведнати зобаа мрморејки по некој збор..Одкако им опаднал притисакот на гостите после обилната вечера Овчарот наредил да се пушти музика на сите нивоа колку што може и не може да се љуља брод и да се испуштаат мали сигнали кроз џунглата.Загрмел снажен Џангл онбоард со примеси на Трипхоп,прогресивен крекачки стил кој делувал пријатно врз публиката.Сите се чувствувале евентуално и како да подзаборавиле зошто се дојдени.Во измеѓувреме се чу некаква бука,во вид на земјострес при што сите почнале да пиштат да корнат.Тоа беше шеикот Кемал Монтана со својот глисер кој грмел како Eurofighter Typhoon што е еднакво на =Правосмукалка СУПЕР 500 на СЛОБОДА Чачак.
Кемал доаѓал директно од на свадба од кај некојси 16ти братучед од Абу Даби што значи бил под Гас и не го интересирало дали е 21 декември или 2 Февруари затоа дошол на Сафари да ги троши своите пари сега чуџуклари.На Шеикот му било битно да има Виска и нешто да Стиска бидејки во спротивно Овчарот ке јадел копачка в Писка.Овчарот го примил својот стар пријател инсајд и му дофрлил некоја хиперфраза>Welcome aboard you fucking cunt!
As-salamu alaykum рекол шеикот лигавејки се како старо магаре без вилица,бидејки бил направен Гоце Арнаудов.Овчарот им дал ишарет на хостесите да не го игнорираат тајкунот Кемал бидејки не би било добро за нивното здравје.5-6 скоцкани како квадратки високомлечни старлети увезени од Амазонија поточно Француска Гвајана(Ebony боја на тен), го придружувале Кемал на своето сепаре чисто за декорација, да не бидат само пендраци на маса.Овчарот пуштил една тепсија кебапи да дупнат гостите.Е сега ке речите кај најде кебапи на сред Амазон?Впрочем тој одмрзнал сабајле дестина килограми мелено од Моби Дик китот директно испратен од Исмаил китоловецот преку брза пошта DHL.
И така прекршил 22 декември и никому ништо.Овчарот знаел дека е лажна тревога,и не верувал многу во предсказанија и таквимити работи,знаел дека се драпаат овие Маите со календарот дека нешто не се совпаѓа со годината.12 часот прекршил вештерката абер немала да дојде и газдата ни 5 ни 6 дал ишарет да продолжи манифестацијата со исто темпо.Видел не видел на главниот стејџ се насобрале тинејџерки млади при што со одлучна акција Овчарот го презел кормилото и пуштил комерцијални хитчиња нешто вамте-тамте да се разгори жарот кој тлеел на стејџот.За да ги смири малце преплашените дечиња Чобан како чобан соопштил низ цел брод дека 21 дек. е одложен за идната среда ,и тоа како добил официјален отчет од НАСА бидејки им дошле дрвата во наса и не можело на 21 дек. да се стартува.И деца ко деца веднаш поверувале на оваа шпекулација која немала врска.Тогаш од некоја страна се пријавил владиката Милутин пијан Ќор ,со се седумте Ѓаволи кои беа навлегле во невестата и се закачил на шанк и порачал за сите по еден дупли Скоч.Овчарот веднаш заповедал давајки ишарет на демоните да им се сервира солна киселина наместо Скоч бидејки ја опседнале неговата женка,и ја направиле за нигде.Но како што знаеме со Ѓаволот не се фрла камен и дека тој нити Ора нити Копа, ами може да те надигра за сите пари.Демоните не само што на екс ги мавнале своите ациди,туку и почнале да блуваат оган на шанкот формирајки ватрена атмосфера како што тоа се прави во престижните ноќни клубови.Во меѓувреме се случила наезда на тинејџерки кои биле намамени од фината атмосфера и дошло до таканаречена интерференција на Ангели и Демони при што тензијата достигнала критичен стадиум.. И така се форсирало силно темпо и со полна пареа забавата траела цел викенд без пауза да се чуди цела џунгла ,Кој се овие специјалки викале??



To Be Continued



Copyright © 2013 Scafander Corporation.All Rights Reserved.