Софистицирани Овчари на Марс кои ги паселе своите овци илјадници години во далечното минато додека Змијата ги кандисувала Адам и Ева да јадат Златен делишес во Еденската градина.Дали е возможно номадски народ кој имал способност да патува низ космосот во потрага по свежи тревни заедници далеку пред нашата ера,да ја посетил Земјата како богата флоресто-фаунеста кугла погодна за одгледување на домашни животни како што е вуњениот тревопасац(овцата) и воедно да ја насели истата како што тврдат теоретичарите на древни изванземаљци.Можеби понатамошните докази се кријат пред нашиот нос, а каде ако не во легендата за "Овчарот-Goats and Aliens". Имено пронајдени се стотици глинени плочи на локацијата аеродром Логоворади илјадници год пред н.е. скриени во канта за сирење од нерѓосувачки челик длабоко под земја.Во многуте легенди се зборува за номадски народ кој тргувал со млечни производи,сирење,волна и високотехнолошки уреди за лоцирање на пасишта и терени погодни за бачила,голф, играта Ѓавол и сл.Но,како ??Неписмен Овчар без основно образование да располага со технологија за патување низ свемирот?ДА во тие времиња како што тврдат теоретичарите сирењето бил еден од најбараните елементи во универзумот кој најверојатно се користел како материјал за малтерисување отпорен на радијација и други космички влијанија.Замислете една канта галичко сирење да е еднаква на една количка вар негаснета,или една приколица песок да е равно на два тона млевени Ораи.Но, зошто?Дали супериорните екстратерестријалци и синдикалци се исправиле на земјата далеку пред нашата ера во потрага по урда и каурско сирење,а за возврат на мештаните им дале зелено светло да општат со нивниот понежен пол формирајки хибридно племе таканаречено Cosmic Nomads,и варварски племиња како што се Бабарите и Мечкарите(Истеривачи Џавола)ентитети со телепатска способност за истеривање зли духови,демони и слично.Дали Ромбоидното население има ванземско потекло?А одговорот е апсолутно ДА како што тврдат теоретичарите на древни астронаути.Дали Bigfoot ентитетите како што се Jeti и Sasquatch кои се сметаат за вонземски можат да се споредат со Бабарите?Да можат бидејки и двете смрдат на 3 километри,имаат издолжени лобањи,имаат стапала како пераи,носат клопотарски инструменти итн.Како можеме да најдеме други докази за присутноста на екстратерестријалци и нивното влијание врз Номадско-сточарскиот народ кој наводно настанал од мајмун како што тврди Чарлс Дарвин.Ајде да прочешламе низ историјата и воедно да прочаскаме што тоа сакале да ни пренесат нашите предци прабаби,прадедовци...
Зошто тие говореле во шифри?-Матна вода не гази!!Дали знаеле што крие матната вода и кој му ја мати водата на коњите?Кај што има чавки и гаврани има нешто!!Зошто Едгар Алан По бил запнат по таа грдолика,рејвенолика птица?А? Долг Тодор без коски во облаци на гости?Можеби станува збор за безрбетен астронаут кој патува по облаци во својот спејс шатл и испушта чад.Друга поговорка би била:Кај е Господ никој не е!Уште колку фурни леб треба да изедеме или да развиеме технологија за да одиме таму кај што никој не е?Следна поговорка:Врана на врана очи не копа!Ах пак со чавки..Ни во куче вера ни во лаком мера!!Нема врска ова со вонземјани меѓутоа не е на одмет.Потем што би било..Пцовисано магаре од волк нема гајле!Допирна точка нема со темата меѓутоа не значи дека треба да го изоставиме.Доста добра поговорка која треба да се дешифрира е:Кој лаже ќор да умре!!Сепак ова нека биде за домачи задатак.Зошто Браќата Миладиновци биле преокупирани со народни поговорки и преданија ,дали тие знаеле за нешто што не е од овој свет.Опатиго-натиго в рака фати го.Каква е таа справа која што се држи во раце,можеби топ или ламфер.Зошто Леонардо Да Винчи имал нацрти за механички робот во 15 век,а нашите револуционери по 400 години едвај еден топ имале дрвен,кој што служел за еднократна употреба,и земал жртви во радиус од неколку метра.Зошто Овчарот од нашата сторија се интересирал за вселената уште од мали нозе,а појма немал од физика и астрономија,не знаел од кај изгрева сонцето како мал.Дали Овчарот имал блиска средба со Е.Т. уште како младо Чобанче кое појма немало за ништо освен да паси овци.Како Овчарот станал мултимилјардер од селското гето и се впишал во Гинисовата книга за најдбогат Чобан на сите времиња.За разлика од другите чобани кои имале по 2-3 магариња во шталата,тој имал возен парк од 5 милиони евра во својата штала.Имал Мегабачило со 7 звездици,имал 5 станови на Марс,луксузна спејс-јахта за пловење низ времето,луксузен спејс-килим за летање итн.Па дали може Овчарот да е бесмртен шизик кој денденес го консумира еликсирот на младоста 3 пати на ден пред јадење,ама не изгледа толку млад бидејки касно го пронашол еликсирот,односно му го дале боговите кои слегле од небото ведро...
TO BE CONTINUED
Copyright © 2012 Scafander Corporation.All Rights Reserved.