
НА МАРС НЕМА ЖИВА ДУША!WRONG!На Марс имаше живот се додека Чак Норис не стапна на розовота планета и со неговиот заводлив поглед ја направи црвена.Долги години на Марс немаше живот освен некои Марсовци кои не се сметале за луѓе.
НО,откако дојдоа многу побудали луѓе од Чак Нориз ;Марс се престори во ултра монденско одморалиште и живеалиште на најмоќните луѓе од планетата земја.Денес на Марс може да се најде од просечни милионери и надпросечни милијардери па се до питачи и бездомници кои најверојатно дошле преку некоја црна дупка.На Марс можете да најдете стан за 50 центи ако подзапнете.Иако на Марс температурата била -260 степени на некои места за луѓето немало зима бидејки се грееле со Марсовци.Да добро слушнавте еден марсовец создавал топлина од околу 300 степени што е доволно за една шупа од 5-6 квадрати.Луѓето биле сеуште најпаметни створења на Марс,користеле Марсовци за грејни тела,за воздух и не се грижеле многу бидејки заборавиле да дишат.Мала шега воздухот бил најскапиот елемент во вселената кој што се спроведувал во секој дом преку специјални системи.Овчарот бил веке неколку години на Марс па дури и научил доста добро да зборува Марсовечки.На Марс можете да сретнете луѓе од најразлични краишта.На пример:Гоце Делчев играл во фудбалскиот клуб Марс НапаЃа и имал приватна фабрика за оружје на Марс.Гоце на Марс го викале Сегментот(Делот) бидејки имал необично презиме.Овчарот често купувал пушки и пиштоли од кај Гоце Сегментот за своите приватни забави.
НОВ РЕД
Овчарот живеел на марс под кирија бидејки не бил за долго.Тој знаел дека жена му спие со неговиот клон бидејки клонот објавувал клипови на интернет со непристојна содржина.Овчарот му испратил електронски ферман на неговиот клон да се клони од неговата жена, во спротивно ке ги убиел обајцата.Тој живеел 200 на саат на Марс.Станувал околу 7 часот наутро и дрмал по 2 ракии со кафето.Веднаш потоа појадувал и пиел по бочка вино .Потоа одел на кафе со другарите од Марс.Се случувало да се врати по 2 недели дома од на кафе.Таквиот турбо живот не водел на арно.Сексот дрогата и хаусот ја опседна неговата мудра глава.На Марс ја најде и неговата сопатничка-турбо жена за сва времена која допатувала од друга димензија.Тоа створење било хибрид од Тројанска кобила и космичко-трансрефлективен-трансформирачки женски робот кој можел да ја менува формата,кожата и бојата во зависност од условите и очите и биле независни едно од друго като камелеон.
Беше 17 часот на Марс.Овчарот и неговиот другар Гоце Делчев спремаа една доста спектакуларна фешта на која биле поканети најубавите риби од неговото мааааало.
Додека Гоце ги сукаше своите бркови,некој затропа на вратата.Тоа беше Џеремаја свршеникот на Гоце Делчев.Џеремаја бил доста згоден Марсовец.Марсовците по својата градба биле слични на желка.Носеле тврд оклоп и во главата биле како фасонки прегорени.Марсовците имале мозок како 5 годишно дете,но сепак имало и паметни марсовци кои живееле и по 5000 години.Гоце Делчев се бакна со својот свршеник и отиде негде доле.Чобанот реши да ги подготви своите јагненца за вечера,за да би можел да ги нагости марсовците кои немале пробано јагнешко месо.Тогаш долета Шеикот Кемал Монтана со својата приватна ракета.Овчарот го запознал Кемал со неговите пријатели Гоце Револуционерот и неговиот љубовник Џеремаја.Кемал како што знаеме многу сакал да се расфрла со пари така што извадил 200 евра и ги закчил на геврекот.Во тој момент некој зазвони на врата тоа беше Е****** Ристо Бомбата.Мала шега постојано звонеше звончето бидејки доаѓаа луѓе(не биле баш луѓе меѓутоа што и да биле важно доаѓале).На место ристо бомбата дојде Чобановата швалерка тазе поткована ,коњски реп,едно друго.Кобилата блескаше галопирајки и неебавајки жива сила по црвениот тепих.За момент рикна како магаре.Што збиваш мори Овцо? промрморел Овчарот.Ми се скрши потковицата! рече таа и направи фаца како да и фалат 200 денари.Овчарот се изнервирал и ја врзал за едно дрво вон објектот.Откако влегоа сите во објектот Овчарот рекол:Таму од кај што доаѓам јас денес е Коледе и за момент запеал:цитирам(Се собрале Ооовчарите,запалиле силен оган,да огреат машко дете...)И бидна забава.И беше добро.Седнале да вечераат.Овчарот заповедал сите да стават боци со кислород бидејки сакал да го отвори прозорецот за да се проветри од цигарите.И така беше.Во маѓувреме влезе и кобилата преобразена во Парис Хилтон.Присутните не им верувале на своите очи што гледаат.Седнала на масата и порачала едно бокалче ракија.Кемал отишол до својата ракета и донесол еден термос ракија и еден плитар сирење.Останатите пиеле вино и јаделе храна.Шеикот Кемал го донел филмот Inception на дивиди рип да видат Марсовците што е филм.Кога го погледнале марсовците филмот останале подзинати.Кобилата ги кандисала присутните да пробаат да влезат сите во еден сон.Овчарот им стегнал по една лента диазепам од 5 мг. во ракијата.Сите почнале да сонуваат како заклани.Тројанската кобила или хибрид на четири копита имала таква моќ да ги спроведе сите во нејзиниот сон и око да не му трепне на никој.За да биде сонот уште позабеган кобилата го употребила својот соперник Овчарот како архитект на сонот.На Овчарот прво нешто што му паднало на памет го крстил сонот "Чупа Спатија"(Queen of Clubs) бидејки бил голем комарџија.И сонот почна.И беше добро.
Одеднаш нешто почна да тропа по чатијата.Ах тие чавки! рече Овчарот.Почна да се тресе целата планета.Вонземјанииииии!Довикуваа.Тоа беше метеорски дожд.Неписмените луѓе мислеле дека се кара дедо боже.Тогаш удрила една огромна комета 16 пати поголема од Халеевата и го преполови Марс на две.Сите живи суштества почнале да паѓаат надолу или нагоре можеби ,а некои мислеле дека паѓаат на југоисток.Овчарот се фатил за една гранка која стоеше прицврстена за ништо.Почнал да вика да не го чуе некој.Помооош!И така викал извесно време и западнал во длабок сон обесен на гранката.Во сонот си помислил дека треба веднаш да оди на психијатар откако ке се разбуди,слегол од гранката и си заминал дома...
TO BE CONTINUED
Copyright © 2011 Scafander Corporation.All Rights Reserved.